Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски смета дека со Брисел, а не со Грција треба да се реши проблемот со забраната за извоз на македонското флаширано вино со етикета со географско потекло. Според Димовски, тоа треба да се направи со потсетување на Спогодбата за асоцијација и стабилизација, на Винскиот протокол и на природните права кои Македонија ги има во користењето на името "Македонија". Проблемот ќе се надмине и во следниот период не би требало да има никакви пречки околу извозот на македонското вино на начин како што беше и досега. За него, решението со винскиот пробмлем со Грција е користењето на хомоним. Тоа значи дека сите земји кои се наоѓаат на просторот на Македонија би можеле да го користат хомонимот "Македонија". По Нова година нема да има особена пречка околу извозот на македонското вино пред се на пазарите на Европската унија.
Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски смета дека со Брисел, а не со Грција треба да се реши проблемот со забраната за извоз на македонското флаширано вино со етикета со географско потекло.
Според Димовски, тоа треба да се направи со потсетување на Спогодбата за асоцијација и стабилизација, на Винскиот протокол и на природните права кои Македонија ги има во користењето на името "Македонија".
- Проблемот ќе се надмине и во следниот период не би требало да има никакви пречки околу извозот на македонското вино на начин како што беше и досега - смета Димовски.
За него, решението со винскиот пробмлем со Грција е користењето на хомоним.
Тоа значи дека сите земји кои се наоѓаат на просторот на Македонија би можеле да го користат хомонимот "Македонија". Сметам дека по Нова година нема да има особена пречка околу извозот на македонското вино пред се на пазарите на Европската унија - рече Димовски.
Проблемот со извозот на македонството флаширано вино на странските пазари со етикета со географско потекло, како што појасни Димовски, е настанат поради регистрирањето на регионот "Македонија" во регистерот на вински региони на ЕУ од страна на Грција.
- Во 1989 година грчкото Министерство го има регистрирано регионот "Македонија" во регистерот на вински региони на ЕУ. Во 2000 година тоа е повторено и неколку месеци постоа излезен е регистарот на веб-страницата на винските регистри ебахус. Се прашувам зошто воопшто не е регирано. Ние сме првите кои правиме напори да се разреши проблемот - појасни Димовски.
Тој посочи дека од 1 јануари до 15 ноември годинава Македонија има извезено 67 милиони литри вино што е за 23 милиони повеќе во споредба со минатата година.
- Тоа е резултат на заложбите кои ги имаше Министерството во изнаоѓање на нови пазари и враќање на македонското вино на старите традиционални пазари. Мислам дека во голема мера успеавме во тоа инаку не би можело физички да се прифати целото грозје од последната реколта и да се смести во винарските визби - нагласи Димовски.